Опис
Невестинска народна носија од Прилеп
Носијата се состои од :
-Кошула памучна везена со вез полнетица и со срма.
-Саја изработена од шајак (волнено платно) .Предниот дел е украсен со богат вез.Краевите се опшиени со гајтан.
-Скутник ткаен од волна , украсен со срмена трака и нареден со волнени реси
-Појас волнен,црн ,во форма на плетенка
-Чорапи волнени,плетени
-Невестински елек ( ресајлија) .Изработен е од памук,кој за разлика од кошулата е поцврст. Опшиен со црвен материјал ,напред со богат вез.Елекот е збогатен со долги густи реси
Осврти
Сè уште нема коментари